Консултантската компанија Brand Finance направи рангирање на највредни модни брендови за 2017 година, а во топ 3 се Nike, H&M и Zara. Рангирањето е направено според неколку фактори – профитабилност, вреднист на пазарот, маркетиншка вредност, ПР свесност, квалитет на производот, задоволството на вработените и репутацијата на компанијата. Листата вклучува 50 брендови, а на прво место е спортскиот гигант Nike со годишна заработувачка од 32 милијарди долари, 13% повеќе од минатата година. Следат high street брендовите H&M и Zara, а на четвртото место е Louis Vuitton, со заработувачка од 13 милијарди долари, со што е највреден луксузен моден бренд на листата.
Покрај големата заработувачка успехот на Nike се темели и на повеќето успешни рекламни кампањи кои брендот ги претстави минатата година, вклучувајќи линија со плус сајз облека и колекција на спортска облека за муслиманските жени.
Еве ја листата од 10 највредни модни брендови според Brand Finance
1. Nike, 32 милијарди долари
2. H & M, 19 милијарди долари
3. Zara, 14, милијарди долари
4. Louis Vuitton, 13 милијарди долари
5. Аdidas, 10 милијарди долари
6. Uniqlo, 9,6 милијарди долари
7. Hermès, 8,3 милијарди долари
8. Rolex, 7 милијарди долари
9. Gucci, 6,8 милијарди долари .
10. Cartier, 6,7 милијарди долари
Нема коментари