Иако шоуто на Ралф Лорен вчера на Модната недела во Њујорк привлече најмногу внимание, сепак не фрли сенка врз останатите ревии. Со својата креативност, носивост и свежина се издвоија колекциите на J. Crew, „Родарте“, Marc by Marc Jacobs, Вера Ванг, MM6 Maison Martin Margiela и Оскар де ла Рента.
J. Crew
Еден од најурбаните бендови, кој одлично ја отсликува современата жена и нејзината потреба од динамика, удобност и отменост J. Crew ја претстави една од најпросперитетните линии оваа сезона во Њујорк. Моделите го погодуваат вкусот на блогерите , односно на познатите и анонимните модни „херои“ од улиците на големите центри. Застапени се трендовски парчиња со минимални дизајнерски интервенции и со поголемо внимание посветено на комбинациите и изборот на материјали и бои. Линијата е полн погодок за секоја модерна девојка, што нема многу време да трага по идеалните парчиња низ бутиците и трговските центри.
Marc by Marc Jacobs
Инвентивна, неочекувана и младешка е третата колекција на тандемот Кејти Хајлиер и Луела Бартли за етикетата Marc by Marc Jacobs. Линијата е спој на бунтовничкиот имиџ од 80-тите и 90-тите години. Кога се вели спој, буквално се мисли на спој, бидејќи креторките понудија креации со две различни половини сошиени воедно, од едната со панк елементи и од другата страна натресит двоколорен гранч имиџ. Тука е и спојот на глам-модели , фустани порабени со тантела и кежуал или спортски парчиња како блузони и маички со принт. Има и варијации на дождовен мантил, како и на т.н ѓубретарци. Навидум грубата колакција, има и нежна, женствена страна, која иако црпи мотиви од минатото, има визија на изгледот на девојката од иднината… или на јапонската улична мода.
„Родарте“
„Очигледно Лора и Кејт Маливи биле инспирирани од филмот во најава на Софија Копола, Малата сирена“- беше коментарот под фотографиите што една блогерка вчера ја постира на „Инстаграм“ од ревијата на „Родарте“. И навистина, како што се редат модели од линијата се повеќе се развива чувството дека од зад свената испловуваат сирени, но овие се модерни со малку готескно стилско видување на сестрите-креаторки. Моделите не се буквално во сирена форма, но имаат подводен шмек, со меките прозурни материјали кои се прелеваат еден во друг и кои се споени на суптилен дизајнерски начин.
Оскар де ла Рента
Колку и да звучи иронично, на колекциите на Оскар де ла Рента најмногу се радуваат стилистите на холивудските ѕвезди и идните невести. Првите бидејќи можат да најдат сигурна варијанта за блескав изглед на нивната клинетка на црвениот килим, а вторите оти ќедобијат инспирација како да изгледа нивниот венчален фустан. Колекцијата пролет-лето 2015 , со некололку исклучоци, сепак најмногу ќе помине кај актерките и невестите што не сакаат типичен, барок изглед, и кои предерираат поурбан изглед. Моделите изгледаат луксузно, со извонредна иарзботка, без големи екперименти во формите, освен неколкуте асиметрични форми. Се задржува на пролетните мотиви и тонови: цветни тонови и пастелни бои, но има и доста црни и црно-бели парчиња, како и каро шари. Дел од креациите се богати со тантела, а дел со цветен вез. Тие се како и секогаш романтични, нежни и носталгични.
Нема коментари