Карираната шара, која владе во секојднената мода актуелната сезона есен-зима 2017/18 , ќе биде една од најносените и во претстојниот период. Покрај ситниот сив каро-принт, понудата се проширува со корупната т.н. тартан шара, инспирирана од традиционалната шкотска облека. Во новотодополнување на колекцијата за оваа сезона хајстрит брендоот „Зара“, лансира и модели со карирани парчиња во црвени, зелени, сини и кафени нијанси. Во лукбукот наречен „New checks“ нуди низа стилистички решенија како да на носите карираната шара со трендовските модели.
Со овој дезен понудени се панталони со лента на страните, миди тесно здолниште со виоска половина , фустан со балон ракави, капути во ретро стил и плисе здолниште на кои се комбинирани повеќе варијанти на карираното. Направен е микс од неколку модели со разни шаховски принтови, а се комбинираи со парлиња со точки, пруги и цветна шара. ПОкрај калсичните стајлизни со кошули и палра, направени се и аутфити со парчиња од спортската облека, како тренерка, дуксери и хеланки. Модните додатоци исто така се актуелну: плетена кошна, масивни обетки, кратки француски марами околу врат или на глава. Од обувките избрани се сандали врз хулахопки или чорапи со отворени прсти, масивни „тато“ патики, и друго.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари