Белата боја на венчаница за поголем број идни невести е здодевна, па се одлучуваат за креација во пастална нијанса, со апликации или пак ишарана со силни тонови. Најнов тренд за неконвенционални венчаници е со бојадисан долен дел во различни бои. Овие шарени венчаници може да бидат тонирани со една боја, а има и такви со мини виножито од нијанси. најмногу се памети Гвен Стефани, која на својата свадба со музичарот Гевин Росдејл во 2002 година носеше бела венчаница во долниот дел тонирана сo розова боја. Оттогаш повеќе познати и не толку јавни личности имаа слични венчаници. Сајтот mymodernmet.com направи селекција со интересни нетипични невестински фустани со т.н. омбре шара.
Нема коментари