Отворањето на продавницата на светски познатиот козметички бренд MAC во Скопје предизвика огромен интерес, сега вљубеничките на квалитетна шминка со нетрпение го очекуваат секој нов производ. На нивна радост пристига и неодоливата маскара Bold&Bad Lash, револуционерна маскара со која може да постигнете полна покриеност од коренот до врвот на трепките.
Двојниот резервоар на MAC Bold&Bad Lash маскарата содржи четка за горните трепки и четка за долните, како и две различни формули. Поголемата четка обезбедува поголем волумен на горните трепки, малата четка создава неразмачкувачка дефиниција на долните трепки. Маскарата има впечатлива амбалажа испишана со големи букви, а чини 1.499 денари.
Нема коментари