Дизајнерката на чевли и модни додатоци Шарлот Олимпија ја лансира првата колекција на долна облека во соработка со брендот Agent Provocateur, спојувајќи ја нејзината современа сензуална женственост со провокативнната сексапилност на брендот за долна облека. Таа креира три секси комплети кои се комбинираат со три модели на обувки, секси гаќички со мотив на мачка, марами, несесери и маска за спиење во леопардов дезен. На колекцијата заедно работеа Шарлот Делал и креативната директорка на Agent Provocateur, Сара Шостон, инспирација се стариот холивудски гламур, Елизабет Тејлор и Ен Бенкрофт во филмот „Дипломец“, а во кампањата позира Џулија Рестоан-Ројтфелд.
Нема коментари