Некаде помеѓу капутите со нагласен волумен и колоритните бунди од вештачко крзно -кои беа најголем хит оваа зима, тивко и неочекувано во уличната мода се протнаа пердувестите зимски јакни. Враќањето на овој спортски модел на јакна за во зима беше најавен и со неколку колекции на неодмана одржаните модни недели. Во линните на Lanvin, Alexander McQueen, Marques, Isa Arfen и други можеше да се забалежи по некое парче, со нагласен волумен и крој како позајмен од орманот на мажите. Покрај класичните тонови, како крем, црна и бела, во својот неочекуван, но шик камбек пердувестите јакни се со впечатлива нијанса на розова, портокалова, црвена, сина, а има и во металик и златна боја. Покрај традиционаланат комбинација со спортски парчиња, може да се носат и во поелегантан варијанта. (А.Н.)
Нема коментари