Наместо да ангажираат професионални модели или личности откриени на улица како што прават некои модни куќи, Џена Лајонс и креативниот тим од американскиот бренд J.Crew како манекени ги повикаа своите вработени, пријателите, членови на нивните семејства, новинари, уметници, учители, активисти… Мажи, жени и деца на возраст од 13 до 70 години ги носеа моделите за сезоната пролет-лето 2017 на презентација во рамките на Њујоршката модна недела, со што брендот постигна невообичаен, но разновиден кастинг. Овој пристап на ангажирање „реални“ луѓе сосема одговара на брендот, кој за разлика од повеќето дизајнери и модни куќи што се претставуваат на модните недели, имаат помасовна публика и разновидни клиенти.
Нема коментари