Дизајнерот Ненад Секирарски во својата повеќе од двецениска кариера често се претставува надвор од Македонија, со години се претставуваше на белградската манифестација Fashion Selection, а во недела, 26 април, ќе има ревија во Косовската меѓународна модна недела. Kosova International Fashion Week што ќе се одржува викендов во Swiss Diamond Hotel Pristine Приштина претставува еден од поголемите модни настани во регионот, а е во организација на на Гечан Груп и РТВ21 а како продуцент се јавува Илир Геци. Како дел од настанот во неговата завршница на 26таприл ќе се претстави и нашиот дизајнер Ненад Секирарски со колекција која предходно беше представена на изборот за Но1 Топ Модел во Светот кој се одржа во Берлин изминатиот ноември. Колекцијата ја сочинуваат 21 аутфити, пред сè елегантни свечени фустани и како и коктел фустани. Креациите на Секирарски исто така се најдоа на официјалниот постер за Косовската интернационална модна недела.
Нема коментари