Организаторите на белградската модна манифестација Fashion Selection ја објавија програмата за 28-то по ред издание што ќе се одржи од 18 до 25 април, со претставување на учесниците и мини перформанс на сплавот Lemon Chili. На манифестацијата ќе се прикажат повеќе афирмирани дизајнери, млади надежи на српската сцена, познати српски модни куќи и брендови, а Fashion Selection ќе биде затворен со ревија на дизајнерот Ненад Секирарски. Нашиот познат дизајнер веќе неколку пати се претставил на Fashion Selection каде што и е наградуван. Колекцијата на Секирарски ќе биде прикажана на ревија на 25 април во хотелот „Москва“, веднаш по ексклузивната премиера на „Првиот понеделник во мај“, документарен филм за подготовките и организацијата на познатата МЕТ Гала во њујоршкиот музеј Метрополитен.
Нема коментари