Неодамна милионерката и наследничката на брендот „Зара“, Марта Ортега, на својата свадба избра елегантен комплет од долго здолниште со едноставен крој и затворена блуза, и нè воодушеви со шик изгледот и во исто време нè потсети дека венчалниот фустан не треба да биде традиционален, раскошен, кринолинест или во форма на сирена за остави впечаток. Се сетивме и на Соланж Ноулс и колку ни се допадна нејзината комбинација од фустан и наметка, како и на модната стилистка Џована Батаља и нејзиниот минималистички изглед. Голем број на идни невести одат по таа линија и бираат неконвенционални венчаници, свадбени комплети и минималистички фустани, а во ова ги пресретнуваат сè повеќе дизајнери, како на пример тандемот Виктор и Ролф. Дури и Вера Ванг препознатлива по венчаниците, во последните колекции понуди малку поинакви креации.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари