Кога познатата манекенка Хане Габи Одиел ја планирала својата свадбена свеченост знаела дека таа ќе биде нетрадиционална со необична венчаница, што соодветно ќе одговара на нејзиниот сосема нетрадиционален и необичен личен стил. За свадбата со колегата манекен Џон Свјатек, Белгијката Хане избрала локација во природа, односно фарма во близина на Њујорк. Самото потпишување било на ливада, каде што Хане и Џон потоа позирале со пријателите и најблиските, меѓу кои била и манекенката Ана Еверс како кума. Свадбената вечера се одржала во голем дрвен амбар украсен за свеченоста.
Венчалнот фустан на Хане е совршен за неконвенционална невеста и се состои фустан од транспарентна тантела облечен врз корсет и долги широки панталони, а надополнет со бајковидна свилена пелерина со качулка. Креацијата е од последната колекција на Александар Ванг за „Баленсијага“, а дизајнерот исто така присуствувал на свадбата. И Џон бил облечен во комлетно бела комбинација, а нејзини деверици носеле слип-фустани во светло виолетова боја.
Нема коментари