Веруваме дека ги знаете правилата за летна нега на кожата, особено додека летувате покрај море или езеро, но да се потсетиме на најважните совети за вистинска заштита од штетните сончеви зраци. Сонцето делува благотворно на нашиот организам и на расположението, го стимулира создавањето на витаминот Д кој е доста неопходен за нашето здравје. Но, од друга страна одредени зраци штетно делуваат на кожата и може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Затоа, задолжително е користењето на креми, лосиони, антиалергиски препратаи со висок заштитен фактор.
-Веројатно веќе ја знаете најважната лекција за заштита од штетните сончеви зраци, ама да повториме – за да го намалите ризикот од штетност на сонце на кожата, избегнувајте го изложувањето на сонце во периодот од 10 со 16 часот, бидејќи тогаш UV зрачењето е најјако.
-Без разлика дали излегувате во град или се подготвувате за плажа нанесувајте препарат со соодветен заштитен фактор секој ден кога ќе излезете од дома. Препорачливо е тоа да го направите веднаш по утринското туширање, а кога сте на летување, барем 15 минути пред да тргнете на плажа.
-Посебно внимание обрнете на лицето и дланките, негувајте ги со препарати со повисок фактор, дури и кога сте под сенка.
-За да ги избегнете опекотините и црвенилото на кожата, особено на најнежните делови од телотот како лицето, вратот и деколтето, често употребувајте sun block препарати. Но, важно е да знаете дека препаратите немаат ефект ако се нанесат на влажна кожа, ако сакате кремите со SPF навистина да ве заштитат, нанесувајте ги на сува кожа.
-Употребувајте заштитен крем после секое излегување од вода, но како што напоменавме, прво исушете ја кожата, па потоа намачкајте.
-За правилна заштита во лето избегнувајте гардероба од синтетички влакна и во темни бои. Памучните парчиња во светли бои се вистиснки избор затоа што во добар дел ги апсорбираат штетните UV зраци.
-Не ја заборавајте косата. Спрејовите и маслата со заштитен фактор се неопходни, особено е важно да ги нанесувате по враќањето од плажа, бидејќи косата треба да се опорави од сонцето, песокот и солената вода.
-Пијте многу течности. Нутриционистите предлагаат изладен црн чај, кој може доста да ѝ помогне на вашата кожа. Содржи астрингент чиј танин одлично ја смируваат кожата што била изложена на сонце.
-Кога купувате препарати за заштита од сонце бирајте производи кои нудат заштита истовремено од UVA и од UVB зрачење, а имаат најмал заштитен фактор од 15.
-Внимавајте, кремите со заштитен фактор имаат ограничен рок на траење. Дококлу го користите ланскиот крем, можеби нема да ја добиете потребната заштита. Затоа, најсигурно е да купите нови препарати.
-Една од подготовките за плажа почнува неколку недели пред летувањето со употреба на додадоци во исхраната што содржат антиоксидански како што се витамините А, Ц и Е. Грижата за привлечен и здрав бронзен тен започнува одвнатре.
-После сончањето негувајте ја кожата со освежителен гел, најдобро ако е на база на алое вера. Ваквиот препарат ја лади и ја освежува кожата, и истовременено ја надохнадува водата што кожата ја изгубила во текот на сончањето.
Нема коментари