Со изложба на кукли облечени во дизајнерски парчиња поставени со ортопедски помагала, Моден викенд -Скопје и Британски совет во Македонија ја одбележуваат „Неделата на разноликост“, која се прославува ширум светот од 3 до 10 декември. По тој повод во аголот на концептуалната продавница Lotus Design Store во „Скопје сити мол“ поставени се кукли во природна големина облечени во креациите на Squire и Blackout на Јован Петровски, Kufer by Andriana Dineva, 4 Seasons на Марта Мирова, Стефанија Насеска и Le brand надополнети со накит од „M Art“ на Марта Поп- Антоска, „Капка“ на Јана Ацеска и JZJ by Zlatko Jovanovski.
-Преку поставувањето на изложбата сакаме да покажеме дека какви и да сме, сите имаме амбиции, желби, копнежи, потреба и можност да бидеме дел од секојдневието на подеднакво ист начин. Покрај македонските дизајнери на облека и модни додатоци потребата да ја прослави и да се укаже дека различностите не треба да бидат препрека за целосно интегрирање и функционирање во општеството ја препознаа и „Fashion group во Македонија“ како и Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ –Скопје -велат од Моден викенд.
Изложбата ќе биде поставена до 10-ти декември.
Нема коментари