Целина од еднакви, слични или различни членови, единици, поврзани или поредени во низа, во редица се дефинира како верига. Токму таква целина е новата колекција за сезоната пролет-лето 2014 на модниот новинар и дизајнер Небојша Толески. Врската меѓу урбаното живеење и духот на минатото била основната врз која ги создал новите модели. Линијата наречена „Верига“ премиерно ја претстави вчеравечер во холот на Младинскиот културен центар, Скопје, пред бројните новинари, љубителите на модата и повеќе познати музички и ТВ-лица.
Моделите се микс од различни , на места контарсни дезени и текстури, со современа форма и апстракни шари , но и детали што потсетуваат на градска облека од почетокот на 20 век. Впечаток оставија креациите надопонети со разни везови и милје, кои и даваат безвремност на линијата. За разлика од своите претходни колекци, каде што доминираа свечените креации, Толески овој пат престави и модели што може да се применат во секојдневниот изглед, како и кај помладата клиентела.
Покрај принтовите со апстракните шари и цветовите, „Верига“ е разиграна и од миксот на светли со темни бои, жолта, зелена, сина, бела, корали… Материјалите се лесни, и нежни, идеални за оваа сезона. Понудени се мини здолништа, кошули со ракави со нагласен волумен, корсети и фустани. во два слоја, со везови и со тантела. Фото: Stylist.mk
Нема коментари