Топ-моделот Наташа Поли се појавува на насловната страница на бројот за јуни и јули на француски Vogue. Русокосата манекенка позира пред фотографите Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин, во базен во провокативна поза, која истовремено освежува. Таа е облечена во црвени бикини и е со залижана коса. Интересно е што пред две години насловната со Поли во руски Vogue крена голема фама поради грешка во фотошопот, каде што ѝ беа избришани лактите. И на оваа фотографија ги нема лактите, но тие се скриени од водата. Дали станува збор за провокација и одговор на тогашните коментари, сè уште не е познато. Во секој случај на оваа фотографија рацете не изгледаат толку чудно.
Нема коментари