Српската манекенка со светска слава Наташа Војновиќ позираше за мајскиот број на британски Vogue и преку фотографиите на Софија Санчез и Мауро Монџело го долови боемското расположение од летната колекција на H&M. Брендот за сезоната нуди авангарден пристап на бохо-стилот преку шарени туники, транспарентни ткаенини, костими за капење со животински принт и психоделични шари, а манекенката е фотографирана на локација во Мароко, што сосема одговара на расположението од модната приказна.
Нема коментари