Руската манекенка Наталија Водјанова во петокот го роди синот Максим и по четврт пат стана мајка. Веста гордо ја објави на своите профили на „Инстаграм“ и на „Фејсбук“ постирајќи нежна фотографија од бебето и родителите. Татко на Максим е Антоан Арно, син на Бернар Арно, прв човек на конгломератот LVMH во чии рамки функцинонираат брендовите „Луј Витон“, „Диор“, „Живанши“, „Моет&Шандон“, „Селин“, „Хенеси“… Наталија од претходниот брак со британскиот аристократ Џастин Портман ги има ќерката Нева и синовите Лукас и Виктор.
Нема коментари