Иако е американски празник, „Ноќта на вештерките“ (Halloween) веќе влезе во поп културата во различни земји и се „прославува“ и кај нас преку костимирање и маскенбали. Интересни се и фотографиите на кои познатите личности се претвораат во некој нов лик, а вниманието ни го привлече руската супермоделка Наталија Водјанова која за „Ноќта на вештерките“ се костимира како Изида, божицата на плодноста и мајчинството во египетската митологија. Темата на Halloween журката на Наталија и нејзиното друштво беше Стар Египет, а таа како мајка на пет деца веројатно наменски го избра ликот на Изида.
Наталија избра светкав фустан и златен украс на главата (во облик на рогови на крава околу златен диск), а нејзиниот син Лукас, го „глуми“ детето Хор, односно синот на Изида, и позира во маска во облик на сокол.
View this post on Instagram
Looking for my son Horus, have you seen him? ⚱️ Богиня плодородия Исида в костюме Натальи Водяновой. ⚱ A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари