Рускиот топ-модел Наталија Водијанова позира во новите креации, за сезоната пролет-лето 2014, на францускиот бренд за долна облека и костими за кашење, Etam. Фотографиите ги сними Марио Соренти, пред неколку месеци. Водијанова, која сега е во поодмината бременост, во lookbooк-от носи шарени бикини и едноделни костуми. Моделите се со ретро-шари, пруги, коцки и со принт. Наталија неколку години соработува со Etam, за кој има дизајнирано и линија на долна облека.
Нема коментари