Деветнаесетгодишната манекенка Наталија Стојаноска е победничка на регоналниот избор за Лице на годината (Тhe Look of Тhe Year) за Македонија. Таа беше именувана за претставничка на нашата земја на изборот што случи во неделата во Белград, каде што беше одбрано само по една кандидатка од сите шест земји на поранешна Југославија. На регионалното финале на овој најпризнат избор за ново лице на годината за претставничка од Србија беше назначена Маја Данчиќ, од Црна Гора е Тара Бојановиќ, од Хрватска Сара Ѓуриќ, а од Босна и Херцеговина – Светлана Кулјача. Победничките на 7 декември патуваат на светскиот избор во Рим, каде што ќе учествуваат девојки од 50 земји од светот.
Наталија е дел од агенцијата „Моделс ИН“ четири години, каде што стекна искуство и полесно се вклопи во изборот Тhe Look of the Year. Таа е редовен студент на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Во моментов се наоѓа во Белград каде што ги прават последните припреми пред да замине за Рим на светскиот избор.
-Овој избор за модели е еден од најстарите и се разликува од другите по тоа што освен физичките предиспозиции се гледа многу и на ставот, размислувањата и севкупното персоналити на девојката. Помеѓу многуте ангажмани на Наталија во изминатиов период, како ревии, едиторијали и музички видео записи вреди да се спомнат рекламите за „Скопје сити мол“, „Добра Вода“ и „Медобил“. Без разлика на нејзиниот пласман во финалето во Рим, Наталија потпишува договор со Јелена Ивановиќ и нејзината агенција Model Scouting Office-вели Алек Наумовски од „Моделс ИН“.
Благодарение на Ивановиќ, „Моделс ИН“-како нејзини долгогодишни соработници и партнери, ја претставуваа својата земја со три девојки кои се бореа за пласман во финалето во неделата. По првата селекција, покрај Наталија Стојаноска, беа одбрани и моделите Илона Вуковска и Елена Гугоска, но на крај само една девојка доби шанса заизборот во Рим.
Под водство на Јелена Ивановиќ и агенцијата Women, своите кариери на успешни модели ги градеа и веќе докажаните Мартина Павлоска, Катарина Ивановска и Елена Трајановска. Токму на овој избор „Look of the Year“ во 1988 година на ниво на поранешна Југославија триумфираше нашиот топ-модел Надица Георгиева, која потоа изгради интернационална кариера. Им посакуваме среќа на нашите девојки, добар пласман и можност за професионален договор (А.Н.).
Нема коментари