Мирослава Дума, Каролин де Мегре, Мелвин Чуа и Ким Кардашјан организираа коктел вечер во Париз, со кој го означија почетокот на глобалната иницијатива на сајтот Büro 24/7, со која ќе бидат претставени новите таленти во модната индустрија. Во кампањата Fashion Forward Initiative прва беше поддржана руската креативка Наталија Алавердијан, која стои зад брендот A.W.A.K.E. Таа е позната и како модната уредничка на Harper’s Bazaar Russia. Наталија, која е родена во Москва, а порасната во Белгија, е новата омилена дизајнерка на трендсетерите.
Колекцијата на A.W.A.K.E. за пролет-лето 2015 беше промовирана на забавата која се одржа деновиве за време на Модната недела во Париз во апартман во новиот париски хотел Peninsula. На промоцијата се собраа бројни моќни имиња од светот на модата, почнувајќи од нејзината најголема поддржувачка, основачката на Buro 24/7, Мирослава Дума, рускиот модел Наталија Водијанова, славниот фотограф Марио Тестино, модната уредничка Ана дело Русо, модните икони Џована Батаља и Каролин де Мегре. На ѕвезденото друштво му се придружи и двојката Канје Вест и Ким Кардашјан, која вели дека ѝ е најголема обижавателка на Алавердијан. Таа дури ги понесе и својата мајка и сестра си Кендал Џенер. Меѓу гостите беа и Антоан Арно, Џанкарло Џамети, Џамбатиста Вали, Делфина Делетрез, Теофил Лондон, Саша Пивоварова и Ентони Вакарело.
Креациите на Наталија Алавердијан се женствени, со префинети транспарентни материјали и шик додатоци. Препознатливи се по интересните апликации, како петел или вилинско коњче.
Нема коментари