Непосредно пред Денот ва Вљубените (Св Валентин), „Диор“ ја претставува новата кампања за парфемот Miss Dior, чие заштитно лице е Натали Портман. Во рекламата актерката игра нервозна невеста, која чекорејќи накај олтарот под рака со својот татко се предомислува и бега од својата венчавка.
Видеото, кое го сними славниот режисер и фотограф Антон Корбејн, е направено на Азурниот брег. Во него Натали носи светлорозова венчаница од „Диор“, а во позадина оди нумерата Piece Of My Heart од Џенис Џоплин.
-Прикзната е за бегство. За избегнување на сите нешта од кои сме обврсани да ги направите во животот. Натали беше фантастична. Таае релална, а тоа можете да го видите на екранот и да се поистоветувате со нејзе. Милам дека вистината е многу поважна од убавината. Да се биде убава жена не е доволно. Таа е реална личност, добра личност, и нејзинот карактер ја прави разликата-вели режисерот.
Парфемот Miss Dior е лансиран во 1947 година параленлно со новиот имиџ на Кристија Диор. Досега Портман сними реклами за овој парфемсо Софија Копола и Тим Вокер.
Нема коментари