Холивудската актерка Натали Портман, која е една од глобалните амбасадорки на „Диор“, го промовира новиот парфем на познатиот бренд. Кампањата за Miss Dior Blooming Bouquet ја сними Тим Вокер, кој направи низа романтични фотографии со Портман. Парфемот е спој на флорални ноти, направен од рози и е со овошен мирис.
-Miss Dior Blooming Bouquet е нежен и внимателно формиран парфем, кој нема да ги нападне вашите сетила, туку ќе ве опркружи, како аура. Тоа е “меур” парфем, кој поседува екстремна елеганцијата на нежност – вели Франсоа Демачи, главниот дизајнер на парфеми на компанијата.
„Диор“ неодамна ги претстави и своите нови чанти, чие заштитно лице е Џенифер Лоренс.
Нема коментари