Основачката и член на одборот на најуспешната онлајн продавница Net-А-Porter ја поднесе својата оставка од компанијата што самата ја изгради, во пресрет на планираното спојувањето со италијанскиот ривал Yoox. Со спојувањето на Net-А-Porter и Yoox ќе се креира најголемата луксузна интернетската трговска компанија, а Натали се надеваше дека ќе биде извршен директор на заедничката фирма. Но, по предвидувањата дека наместо Натали, прв човек на заедничката компанија ќе биде Федерико Маркети од Yoox, таа одлучи да се повлече од Net-А-Porter. Масенет заминува со сума од 100 милиони фунти откако пред неколку години ги продаде нејзините акции во Net-А-Porter, се повлекува од функцијата извршен претстедател на одборот на Net-А-Porter, а нема ни да биде дел од одборот на новата компанија. Масенет беше еден од пионерите во делот на продажба на мода на интернет, компанијата Net-А-Porter ја основа во 2000 година од својот лондонски стан, а со текот на годините беа лансирани машката верзија Mr. Porter, онлајн магазинот The Edit и печатениот магазин Porter.
Нема коментари