Вметнете личен печат во празничното украсување така што сами ќе насликате лампиони според овој туторијал. Иако навидум се чини дека е потребен сликарски талент и вештина, лесно може да ги насликате следните модни мотиви на дами во вечерни тоалети. За изработка потребни ви се бели стаклени лампиони, водени или акрилни бои, четки и разнобојни светки. Идејата е на илустраторката Кејти Роџерс од Paper Fashion, која често соработува со брендови како „Картие“ и „Нина Ричи“, како и списанието Glamour.
Почнете со сликање на глави и торза, имајќи предвид просторот што е потребен за нивните фустани помеѓу секоја дама. Бидејќи сликањето е во слоеви, почекајте секој слој да се суши по неколку минути. Во спротивно боите ќе се измешаат и разлијат.
Продолжете со додавање на златни пунџи во косата на секоја дама, а потоа почнете со сликање на фустаните. Може да употребите потемна нијанса како база на фустанот, како што е бојата на циклама во примерот.
Откако ќе се исуши првиот слој, нанесете нов слој во посветла боја со кој ќе се илустрираат деталите на фустанот. Пред сосема да се исуши вториот слој, додате малку златни светки на посветлите делови од фустанот.
Еве го и конечниот изглед на лампионот. Не е толку комплицирано, нели?
Може да ги употребите и следниве мотиви забележани на илустрациите на Роџерс.
Нема коментари