Новиот македонски филм „Џган“ во режија на Вардан Тозија својата премиера ќе ја има в среда, 30 март, во Градско кино „Милениум“ во Скопје, а потоа следи прикажување во кино салите низ Македонија. Дебитанскиот филм на Тозија зборува за низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – ЏГАН.
Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, а копродуцент е Ред хеликоптер филмс од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network. Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски, а во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.
Вардан Тозија поведен од слоганот на филмот дека “Никој не е роден насилен” го изработи и сценариото, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.
Нема коментари