Козметичката куќа L’Oréal Paris и модниот бренд Balmain ќе лансираат капсулна колекција на кармини од култната линија Colour Riche. На есен ќе се појави лимитирана колекција од 12 нови нијасни поделени во три теми на бои, а во целиот процес е вклучен и креативниот директор на Balmain, дизајнерот Оливие Рустен. „L’Oréal Paris и Balmain ја делат истата силна визија за феминизам и истата цел – да ги охрабрат жените и да им понудат различни начини да го изразат своето Јас. Со оваа соработка, тоа ќе им го понудиме на сите жени во светот“, изјави дизајнерот по повод соработката.
На секои три секунди во светот се продава по еден Colour Riche кармин, па не изненадува што е избран токму овој производ за лансирањето на капсулната колекција. Кармините ќе се продаваат во периодот пред почетокот на Париската модна недела, во продавниците на Balmain и во селектирани парфимерии. Покрај кармините, на продажните места на Balmain ќе бидат понудени и ексклузивни етуи-футроли украсени со накит со три посебно дизајнирани кармини наменети за колекционерите.
Нема коментари