В недела од 10 до 14 часот на плоштадот „Филип Втори“ здружението за борба против рак дојка „Борка“ го организира по седми пат симболичен марш „Напред розово“ со кој има цел да испрати порака за важноста на раната дијагноза и поддршка на пациентите како основен предуслов за победа на ракот на дојка. Во рамките на настанот вклучена е прошетка на околу 1.500 учесници која ќе почне во 11:25 часот на плоштадот „Филип Втори“ и ќе се одвива по следната маршрута – од плоштадот „Филип Втори“ по улицата „Иљо Војвода“, десно кон ул. „Самоилова“, лево по истата, лево по ул. „Лазар Личеноски“, десно по бул. „Гоце Делчев“, преку мостот „Гоце Делчев“ полукружно на семафорите со бул. „Илинден“ и назад по булеварот „Гоце Делчев“, десно ул. „Иљо Војвода“ покрај комплексот на музеи и повторно до плоштадот „Филип Втори“ каде ќе се одржи главниот настан.
Нема коментари