Со доаѓањето на студените денови страда нашата кожа, но и усните кои вообичаено во зимски услови се сушат и се лупат. Затоа користиме балзам за нега на усните по наш избор од селекцијата што постои пазарот, некои од нив се и тонирани. Но, еве еден супер идеја како сами да направите балзам во боја, користејќи неколку состојки и вклучувајќи можеби некој кармин кој веќе не го употребувате.
За балзамот што сами ќе го направите потребни се кармин во вашата омилена боја, „Вазелин“ (или некој друг производ на база на петролеумски желатин) и малку кокосово масло. Се мешаат состојките во размер во кој вие сакате – ако сакате појака боја ставете повеќе кармин, ако сакате посуптилен изглед, додадете многу малку од карминот. Убаво измешајте, а за помазна текстура состојките може на кратко да ги загреете во метален сад. Многу лесно, нели?
Нема коментари