Грчката дизајнерка Елина Линардаки во својата работилница го создаде моделот сандали наречен Penny Lane, гладијаторски сандали украсени со понпони во шарени бои и везени таканаречени friendship ленти, со кој експресно ги импресионира трендсетерките. Шарените гладијаторки кои што се изработуваат рачно станаа хит и на „Инстаграм“, а овде ви нудиме идеја дека и самите можете да постигнете сандали во сличен стил.
За моделот на Линардаки ви се потребни разни траки или стари везени алки, како и кесичка помпон топчиња, кои може да се најдат во специјализирани продавници или може сами да ги направите (погледнете го видеото подолу во постот). Исто така, наместо помпони може да употребите машнички од конец, кои исто така може сами да ги направите и потоа да ги закачите на врвките од гладијаторските сандали. Значи, одберете некој оничен модел на сандали и почнете да го китите со помпони и разни шарени ленти со што ќе постигнете уникатни обувки.
1 коментар