Покрај новогодишната елка и сијаличките, венецот е следниот важен украс во празничниот декор. Можете да го купите готов и направен, да го закачите на врата или со него да ја декорирате масата, но можете и сами да го направите. Еве еден брз начин: Потребни ви се една металка закачалка, повеќе лампиони и како додаток зимзелено гранче или некој мал новогодишен букет. Отворете ја металната закачалка во горниот дел и почнете да ги редите лампионите, најдобро е наизменично да поставувате мали и големи лампиони. На фотографијата подолу гледаме дека се упоребени лампиони во црвени нијанси и неколку во сребрена боја. Во горниот дел на венецот, може да поставите гранче од елка, шишарки, панделка или некој друг украс со новогодишен мотив. Делот за закачување нека остане, ќе ви помогне полесно да го закачите венецот.
Нема коментари