Ресите и китенките се доста актуелни, ги среќаваме на сандалите, торбите, ремените, обетките, а еве како може сами да ги изработите и со нив да ги украсите омилените сандали. Потребни ви се неколку чекори, малку трпение и креативност, како и сандали со едноставна форма, ножици, парчиња антилоп кожа и лепак за ткаенина. Во туторијалот на блогерката на Honestly WTF, употребени се сандали од Стјуарт Вајцман и парчиња кожа во бела и во неколку нијанси на розова боја.
Земете ги парчињата антилоп, измерете раб од еден сантиметар на едниот крај и сечете реси сè до обележаниот раб раб. Посебно направете тенки ленти, залепети ги краевите, овие ленти ќе бидат петелката на украсот со реси. Замотајте ги лентите исечени на реси, оставајќи ја петелката на едниот крај, а откако ќе завршите залепете ја ивицата на ресата. Оставете ги ресите неколку часа да се исушат и потоа едноставено нанижете ги на ремчето од сандалите.
Нема коментари