Пред извесно време се запознавме со Нена Стојова и со нејзиниот бренд на органски масла Bare Origin, а во интервјуто за Stylist.mk зборувавме за нејзината мисија за нега со природни состојки, за патувањата кои ги инспирирале производите, но и за можноста сами да направите одредени препарати користејќи ги маслата од линијата. Нена ни откри дека и самата често подготвува маски, креми и лосиони во домашна атмосфера, а неодамна заедно со шведската блогерка Натали Јонан (Happy Health blog) подготвија неколку рецепти. Нена ни ја испрати сторијата и овде со вас споделуваме еден рецепт како сами да направите крем за лице користејќи ги маслата на Bare Origin кој ќе ја нахрани вашата кожа и ќе ја заштити од суровиот зимски воздух.
Крем за лице со масло од дива шипка и аромa нa грејпфрут
Оваа маска ја хидрира, храни и освежува кожата. Потребни се:
- 1 полна голема лажица шеа путер
- 1 полна мала лажица масло од кокос
- 1 полнa голема лажица Bare Origin масло од арган
- 1 полна мала лажица Bare Origin масло од дива шипка
- Неколку капки Витамин Е масло (не е задолжително)
- 4-5 кaпки од вашето омилено етерично масло. За овој крем препорачуваме масло со топла цитрусна арома, како на пример лимон, портокал или грејпфрут.
Подготовка
Во стаклен сад ставете го путерот и маслото од кокос, ставете го стаклениот сад над тенџере со врела вода и почекајте да се растопат. Додадете ги останатите состојки. Преместете ја течноста во мала стаклена тегличка. Сместете ја во фрижидер и почекајте течноста да се стврдне.
Овој крем ќе трае до една година.
Нанесувајте го наутро и навечер по миење на вашето лице. Може да се користи како путер за тело или крем за раце. Препаратот извонредно ја лечи сувата и испукана зимска кожа.
Благотворни дејства
Овој крем ја хидрира и освежува вашата кожа. Путерот од шеа и маслото од кокос, се едни од најдобрите масла кои ѝ помагаат на суватa кожа. Благотворните својства на аргановото масло како омега масните киселини и витаминот Е се познати за лекувње на псоријазата и исто така ја заштитуваат кожата од предвремено стареење. Маслото од дива шипкa има смирувачки ефект на кожата како резултат на големи количини на витаминот A, кој е моќен исцелител на исекотини, изгореници и лузни.
Оваа формула е едноставeн домашeн лек со кој ќе ја заштитите и излечите кожата од суровиот зимски воздух. Eтеричните масла од портокал и грејпфрут на овој крем му даваат совршен свеж и топол мирис за зима.
Bare Origin Skincare нуди природна козметика. Колекцијата вклучува органски и нерафинирани природни масла и тонери за тело и лице. Маслата се набавуваат транспарентно од различни краеви на светот. Секоја состојка носи приказната за надеж и можност за малите заедници, каде што тие се произведуваат. Сите производи се изработени од 100% свежи, чисти и моќни состојки. Без хемиски презервативи! Само вистински моќна природа! Производите на Bare Origin може да ги најдете во концептуалнта продавница во Public Room во Скопје.
Нема коментари