Ако сакате да го отстраните целулитот, проблематика со која се справуваат скоро сите жени, потребни ви се редовна грижа и нега, вежбање и пешачење, правилна исхрана и пиење вода во големи количини, антицелулитни масажи и серија од козметички третмани. Она што можете да го направите дома е да практикувате масажи со специјални креми и пилинзи, а еве еден рецепт за антицелулитен пилинг кој ќе го подготвите сами. Некои од состојките многу е веројатно веќе да ги имате дома, а подготвениот пилинг можете да го користите при секое утринско или вечерно туширање.
Потребни состојки:
- 1 шолја кафен шеќер
- ½ шолја грубо мелено кафе
- 1 шолја масло од семки од грозје
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 10 капки есенцијално масло од грејпфрут
Земете чиста, по можност стерилизирана тегла и на дното ставете го шеќерот, прелијте го со маслото и потоа додадете ги останатите состојки. Добро измешајте и затворете ја теглата со капаче. Доколку сакате, пилингот може да го стерилизирате така што ќе ја ставите теглата на неколку минути во тенџере со вода што врие. После употребата при туширање, ставете ја теглата на суво место. Некои од состојките можете да ги прескокнете, но не и главните состојки – кафето, шеќерот и некое масло (може и кокосово) за да се спои смесата.
Поради грубата текстура шеќерот ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата при масирањето на деловите со целулит, а кафето има антицелулитен ефект.
Нема коментари