Познатата супермоделка Наоми Кембел (51) ја открива својата мајчинска страна во мартовскиот број на британски Vogue и со својата ќерка позира на насловната страница на познатото модно списание. Иако не го открива нејзиното лице, како ни деталите за нејзиното раѓање, Наоми сепак изјави „Не е посвоена, таа е мое дете“. Таа одбива понатамошна расправа на оваа тема, само признава дека во тајност го држела патот до мајчинството, дека секогаш знаела дека ќе биде мајка и дека нејзината ќерка е најубавото нешто што ѝ се случило.
Познатата манекенка во мај минатата година на својот Инстаграм профил објави дека добила ќерка, првите претпоставки беа дека е посвоена или родена со помош на сурогат мајка. Многу е веројатно дека Наоми самата не ја родила, бидејќи само неколку недели пред раѓањето на ќерка ѝ се појави на ревија на Њујоршката модна недела без видлив труднички стомак. Во крајна линија, не е важен начинот на кој ќерка ѝ дошла на овој свет, тоа е лична интима на Наоми, но јавноста секако ќе се интересира, бидејќи манекенката сепак полујавно ја покажа токму на насловната на Vogue.
Нема коментари