Британскиот супермодел Наоми Кембел одушеви со свежиот изглед со кратка коса на насловната на септемвриското издание на Paper Magazine. На насловната е облечена во креација од Viktor & Rolf, како дел од едиторијалот на списанието „1.000 убави луѓа“. Фотографиите ги сними Паола Кудачки, а стајлинот за 46 -годишната манекенка го направи Џејсон Ремберт. Покрај Viktor & Rolf на низата фотографии носи креации од познати модни куќи и дизајнери како Maison Margiela Artisanal, Dolce & Gabbana и Stephane Rolland Haute Couture.
Во интервјуто вели дека не ја плаши помладата конкуренција, напротив, радо им помага и ги советува своите помлади колешки.
-Ако некој млад модел ќе ме праша за совет и за помош, секогаш им изглегувам во пресрет. Многу ги поддржувам младите уметници, младите фотографи и младите модели. Нема ништо лошо во споделувањето, и никогаш не очекувам ништо за возврат од нив-вели Кембел.
Нема коментари