Супермоделот Наоми Кембел пред неколку месеци отвори свoj You Tube канал и едно првите видеа беше како се однесува во авион. Таа признава дека многу често патува и не се смее да си дозволи да закачи некој вирус или инфекција, па со текот на времете развила рутина како да го дезинфикцира седиштето во кое седи и што сè прави за да се заштити. Овој нејзин процес тогаш ни се виде можне сложен – од големата торба таа изваде медицински ракавици и антибактериски влажни марамчиња и детално го избриша авионското седиште и просторот околу седиштето, односно сè што се претпоставува дека ќе допре. „Ова го правам во секој авион во кој ќе влезам. Не ми е гајле што мислат луѓето за мене. Се работи за моето здравје и ова ме прави да се чувствувам подобро“, вели Наоми во видеото. Потоа таа вади кебенце и го постела на седиштето на кое ќе седи, а стави и маска на лицето за дополнителна заштита.
Во времето кога Наоми го објави видеото, во јули минатата година, многумина со потстмев гледаа на нејзината рутина и сметаа дека сето тоа е непотребно и екстремно. Но, денес, во времето на ширење на корона вирусот, дали им се чини смешна постапката на Наоми?! Сега дури одредени медиуми и социјалните мрежи се навраќаат на ова видео и го препорачуваат како упатство како да се заштитите од вируси.
„Наоми Кембел веќе не изгледа толку лудо“, пишува еден корисник на Твитер како одговор на написот на Њујорк Тајмс за безбедно патување за време на пандемија. „Лудата рутина за дезинфекција во авионите на Наоми од пред шест месеци, сега е упатство како да се заштитиме“, пишува друг.
Засега, медиумите продолжуваат да објавуваат страшни, предизвикувачки содржини што предизвикуваат паника во врска со кризата, а властите ширум светот и кај нас нè охрабруваат да избегнуваме ракувања и редовно да миеме раце. Корона вирусот сигна и кај нас, и сериозно треба да сфатиме препораките за заштита. И да украдеме некоја инструкција од Наоми.
How to disinfect your airplane seat: If it’s good enough for Naomi Campbell, it’s good enough for You https://t.co/TLOdSdBxcH
— Brent Staples (@BrentNYT) March 4, 2020
catch me at every plane ride looking like naomi campbell from now on pic.twitter.com/HSAGM3LdEm — Whores of Color for Bernie (@kindahungrym) March 2, 2020
Naomi Campbell’s bonkers seat plane disinfectant routine which did the rounds six months ago is now an instructional video pic.twitter.com/N3gXgj7FLD
— Tom (@Tomster72) February 27, 2020
Нема коментари