Легендарната манекенка Наоми Кембел (50) пред неколку часа на Инстаграм објави дека за прв пат станала мајка, а своите обожаватели ги израдува и со фотографија на која ги држи стапалцата на новороденчето.
-Овој прексрасен мал благослов ме избра да бидам нејзина мајка, толку сум почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот. Нема зборови да ја опишам доживотната врска што сега ја споделувам со тебе, мој ангеле. Нема поголема љубов – напиша Наоми.
Не е познато дали девојчето е нејзино биолошко дете, родено со помош на сурогат мајка, или можеби е посвено. Манекенката пред четири години во интервју за Evening Standard изјави дека размислува да стане мајка и дека „благодарение на науката може да стане родител кога ќе посака“.
Коментари и честитки се редат на нејзиниот Инстаграм профил, меѓу првите ја поздравија актерката Зое Селдана, уредникот на Vogue UK Едвард Енинфул, модниот дизајнер Марк Џејкобс, музичарот Лени Кравиц…
Нема коментари