Младата дизајнерка Јелена Станаревиќ вечерва ќе ја претстави својата колекција наречена Ј.Doe во рамки на Fashion & Lifestyle Expo во просториите на Македонската опера и балет. Ова воедно претставува прва самостојна ревија на креаторката под нејзиниот бренд NAN DEMO. Презентацијата ќе почне во 21 часот, а влезотот е слободен.
Станаревиќ е релативно ново име на нашата модна сцена. Модната едукација ја има стекнато во Белград.
-Отсекогаш знаев дека мојата професија ќе изгледа вака,не се замислував никогаши не се доживувам себеси на друг начин. Модата за мене е спој на сите уметности ,а облеката како дизајнерски парциња немо нè претставуваат нас и луѓето што ги носат. Студирав во српската метропола, две година на француската академија „Мод Арт“,а потоа третата дипломска година продолжив на Accademia Del Lusso,исто во Белград,кадешто и по завршување на студиите продолжив на работам стајлинзии други проекти ,сè до моето враќање во Македонија . Првата година не се чуствував подготвена за да започнам со свој проект, а и сакав да научам како функционира модната индустрија, па затоа почнав со работа во брендот „Саитис“ каде што бев асистент -дизајнер за неколку брендови. Мислев дека имам доста искуство за мои години и дека диплома или аплауз после ревија се мерило за успех, меѓутоа пресвртница за мене претставуваше посета на Модната недела во Милано во 2014 година. Таму имав можност да погледам светски брендови и дизајнери на пистата, како И зад сцената. Од таа перспектива нештата се прилично поинакви и од тоа искуство сфатив дека константно е потребно надоградување,конкретно како дизајнер,за воопшто да се добие мал дел од она што може да се дефинира како вистински успех. После тоа сериозно се посветив на модниот дизајн и сфатив каде сакам да бидам и каде треба подобрување за да стигнам до таму…-вели Јелена во неодамнешното интервју за stylist.mk
Брендот е актуелен со колекцијата Води ме на афтер“ во која Јелена ја интерпретирала модата од диско ерата и ја прилагодила на стилот на современата девојка. Колекцијата е своевидно „Студио 54“ во 2016/17.
Таа минатата година го отвори студиото „Нан Демо“во центарот на Скопје, каде што изложува свои колекции, како и други парчиња од повеќе брендови, кои што се вклопуваат во концептот на нејзините.
Во буквален превод НАН ДЕМО НАИ е јапонски за „сеедно“, „ништо“ итн. а идејата зад називот е дека воопсто не е важно името, парчињата се анонимни сè додека не ги носи вистинската личност.
-Личноста што ги носи го дава идентитет на алиштата ,а не обратно. Не ги прават брендовите луѓето,туку луѓето ги прават брендовите,дизајнерите креираат за линостите, а тие носат за себе и за други луѓе што ги мразат Тоа е вистината. Долго време размислував за името ,како клучна компонента за брендот сè до моментот кога сфатив дека ми е сеедно. (А.Н.)
Нема коментари