Прочистувањето на организмот од лошите состојки и отрови е препорачливо одвреме-навреме, а овие следни намирници се вистински сојузници за брзо и ефикасна детоксикација на телото. Ќе почнеме со еден не многу „миризлив“ зеленчук, лукот, кој е совршена и моќна храна која на секое јадење му додава арома, но што е поважно, истовремено ги активира ензимите кои ги елиминираат токсините од вашето тело. Лукот исто така содржи селениум и алицин, лековити состојки кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и се борат против кардио-васкуларните заболувања. Авокадото до пред извесно време не беше толку вообичаен во нашата исхрана, но сега го има во скоро сите маркети и се препорачува затоа што содржи неколку лековити состојки. Одличен е за чистење на црниот дроб, бидејќи поттикнува исфрлање на отровите.
Брокулите заедно со други зеленчуци како карфиол, зелка и кељ, се смета за совршен пријател во борбата против токсините. Содржи витамини Б и Ц кои го зголемуваат нивото на глукозионатот, а со тоа ја зајакнуваат работата на ензимите во црниот дроб. Мала чаша сок од грејпфрут има толку многу витамин Ц што отровите сами ќе побегнат по првата голтка. Неизмерно моќна детокс намирница. Зачинот куркума може да ви помогне во детоксикацијата, така што ќе ги исфрли сите карцино-гени од организмот. Наместо да го почнете денот со кафе или чај, изборот нека биде чаша млака вода со лимон. Ова овошје го прочистува црниот дроб и ја стимулира неговата работа, а истовремено ја поттикнува работата на цревата.
Нема коментари