Младата дизајнерка на модни додатоци Ксенија Котев ќе ја претстави својата нова колекција накит Hidden Stories од 9 до 11 април во скопското кафуле „Радио бар“. На изложбата, која ќе биде отворена во 19 часот во сабота, ќе може да се погледнат новите уникатни парчиња филигрански накит со современ дизајн. Котев има дипломирано моден дизајн на „Академија Италијана“ во Фиренца, а мастер-студиите за дизајн на модни додатоци ги заврши во Милано, на Domus Academy. Таму стекнала искуство за изработка на накит, чанти и чевли, а има работено и како дизајнер на накит и за нашиот бренд „Голдмак“.
Пред неколку месеци на истата ликација, „Радио бар“ ја престави колекцијата Cradle of Desire.
Нема коментари