Со само едно парче накит едноставниот изглед може целосно да се промени. Доколку сакате да изгледате впечатливо, романтично и посвечено на дочекот на Новата година, покрај широкиот избор на масивни ѓердани, алки, обетки и прстени, на располагање ви е и накитот за на глава. Станува збор за шноли, стегачи, штипки и венчиња со посвечен изглед, украсени со бисери, циркони и други светкави и метални елементи. Иако најчесто ваквите додатоци се среќаваат во невестинските стајлинзи, сепак, може да си дозволите на најлудата ноќ да изгледате посебно и несекојдневно.
Оваа сезона се носат во комбинациите за вечерните излегувања, а некои поедноставни модели и за секојдневниот изглед. Сè уште се актуелни богато украсените венчињата на „Долче и Габана“ во разични варијанти, а се носат и ленти за коса и шноли во стилот на 20-тите години на минатиот век. Овие нежни круни одговараат на сите должини на косата, која може да биде прибрана во полабаво опавче или пунџа, или да направите кадрици. Вакви украси оваа зима често носи поп-кантри пејачката Тејлор Свифт. Папараците ја уловија во неколку наврати како, облечена во покежуал креации, изгледот го заокружила со еден ваков свечен украс на главата. Еве неколку идеи какви модели на накит за на коса може да изберете. Тука се примероци со ѕвезди, цветови, листови, апсеакни форми и друго.
Нема коментари