Ако се согласувате со тврдењето на Мерилин Монро дека дијамантите се најдобрите пријатели на жената, тогаш посетете ја продавницата на „Божиновски часовници и накит“ во центарот на Скопје и погледнете ја ексклузивната колекција на скапоцен дијамантски накит од светски познатата дизајнерка Сара Хо. Таа беше специјална гостинка во Скопје на концептуалното претставување наречено„Дијамантите се најдобрите пријатели на жената“ организирано за селектирани новинари, а што се одржа минатиот четврток во ексклузивниот салон на „Божиновски“. Позната како дизајнерка на накит за личности како Хелена Кристенсен, Парис Хилтон и Кели Озборн, на настанот во Скопје низ кој не водеше харизматичниот Васил Зафирчев, таа зборуваше за својата инспирација, за дизајнирањето со дијаманти, за комбинацијата на традицијата, Хонг Конг и Макао со нејзиниот модерен стил. Токму модернистичкиот пристап на дизајните со дијаманти е препознатлив во работата на Хо. Најтрадиционалниот сегмент во јувелирството таа го претвора во осовременет накит кој на момент има авангарден израз. Концептуалниот настан започна со румба-танц на Зафирчев и Јована Василева, сензуална камерна изведба на темата Caruso од
Лара Фабијан, а на гостите им се обрати и Игор Божиновски, сопственикот на „Божиновски часовници и накит“ претстави уште една новина во работата на компанијата – за првпат во Македонија може да се купат дијаманти во форма на скапоцени камења, а сертифицирани од реномирани светски гемолошки институти. Сепак, звездата на вечерта беше Сара Хо и нејзината луксузна колекција на накит. Хо Скопје го посети благодарение на „Божиновски часовници и накит“, каде што единствено може да се купи дијаманстки накит со нејзин потпит. Изложбената поставка на гламурозен мозаик од дијамантски накит на Сара Хо, која е дел од поширока европска турнеја на дизајнерката, во наредните две недели ќе биде отворена за широката јавност и ќе може да се погледне во „Божиновски часовници и накит”, на улица “Македонија” во Скопје.
Како ќерка на познатата британска манекенка Суки Потиер и внука на Стенли Хо, еден од највлијателните бизнисмени во Макао, неизбежно беше Сара Хо да се впушти во бизнис поврзан со модата и дизајнот. Студирала моден дизајн, но сконцентрирана е на креирање екслузивни парчиња накит. Брендот „Сара Хо“ изобилува со елегантен и женствен шарм и зазема иновативен, модерен пристап во креирањето дизајни кои го издржуваат тестот на времето. Визијата на Сара Хо е да создава современ дијамантски накит, соодветен за дневни и вечерни пригоди, кој ќе биде нослив и ценет како денес така и по многу години. Секоја нејзина колекција има своја приказна инспирирана од важни настани и е изразена во женствен стил низ скапоцени метали и камења, на тој начин создавајќи дизајни кои се високо интригантни и со трајна елеганција. Дел од дизајните раскажуваат раскошни приказни инспирирани од цветните градини во Макао, од семејната традиција, а дел се со минималистичка и елегантна нота, инспирирани од својот личен живот, од настаните во семејството, од семејната традиција. Ниту светски познатите ѕвезди не остануваат рамнодушни на сјајот на современиот дијамантски накит на Сара Хо кој не познава години, ни трендови. Парис Хилтон, Хелена Кристенсен, Кели Озборн, Пичис, Кели Роуланд, девојките од групата “Гр’лс Алауд”, се едни од многуте љубителки кои на себе го носат накитот на оваа дизајнерка.
Нема коментари