Прстени, ѓердани и обетки од сребро и месинг, украсени со полускапоцени камења и празни чаури од куршуми се дел од колекцијата World Peace на дизајнерката на накит Бранка Данчевска, кои денеска ќе бидат изложени во Њујорк. Парчињата накит на македонската креативка ќе бидат претставени во рамки на изложбата Creation in Post-war Countries во една од најпознатите галерии на Менхeтн, Orozco Room, каде што Хозе Клементе Орозко и Диего Ривера имаат сликано мурали.
Бранка се проби на нашата сцена како дизајнерка на модерен накит во филигран-техника, а изминативе неколу години е дел од тимот на брендот за накит основан од Ивана Кнез, „Драма“. Во соработка со Ивана и со Маја Поп-Трајкова минатата година ја промовираа новата еко-етикета за накит LOOM.
Нема коментари