Како излезени од морскиот свет, или пак создадени на некоја друга планета, се лебдечките уникатни парчиња накит креирани од јапонската дизајнерка Марико Кушумото. Овие уникатни креации, кои ве оставаат без здив, се изработени од лесен, транспарентен материјал. Дизајнерката, која е инспирирана од природата, тродимензионално и бајковито ги доловила волшебните растенија и животни што се среќаваат во длабошините на океаните и морињата, давајќи им свој уметнички белег. Погледнете ги речиси нереалните, магични ѓердани, брошеви, обетки, алки и прстени.
Нема коментари