На свеченото доделување на традиционалните награди за жена на годината на американскиот магазин Glamour во Њујорк се појавија повеќе дами од модата и филмската индустрија, но и дами од општествениот и политичкиот живот кои добија признанија од страна на магазинот.
Од светот на модата Марија Грација Кјури од „Диор“ е прогласена за „Модна сила“, а манекенката Џиџи Хадид ја зеде наградата наречена „Супернова“. Меѓу наградените беа и Никол Кидман, Соланж и режисерката Пети Џенкинс. Од моден аспект интересни се и стајлинзите што познатите ги избраа за настанот, еве една наша селекција на највечатливите изгледи.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари