Како привршува оваа 2016-та почнуваат ретроспективните приказни за трендовите, личностите и настаните што ја одбележаа годината, еден сегмент на тоа потсетување и сумирање се однесува на најпребарувните модни и бјути прашања според Google. А најбараното прашање сосема нè изненади – „Како да ги пресечам ракавите на маицата?“. Зошто одеднаш сите се интересираат како ги пресечат рaкавите од маиците и кошулите?!
Еве ја листата од 10 најпоставувани модни прашања на Google:
1. Како да ги пресечам ракавите на маицата?
2. Како да почнам со манекенство?
3. Што е висока мода?
4. Како се носат чизми до глужд со тесни фармерки?
5. Кога можм да почнам да носам бела боја?
6. Како да станам фитнес модел?
7. Што е бохо?
8. Што носеле луѓетото во 90-тите?
9. Како да се облечам како хипик?
10. Како да станам моден дизајнер?
Листата на прашања открива дека постоело интересеза влијанието од 90-тите, хипи и бохо стилот од 60-тите, луѓето се интересирале за фитнес и манекенство, се информирале за висока мода, сè уште сакаат да носат чизмички со тесни фармерки, Американците се интересираат дали да носта бела боја Labor Day (имат непишано правило после овој нивен празник во септември да не носат бели комбинации), ама нејасно е зошто повеќето барале совет како да ги исечат ракавите на маицата?!
Нема коментари