Бело-црната јакна, украсена со корално-црвен вез, во дизајн на Изабел Марант за H&M, е најпопуларната во 2013 година. Околу соработката на Марант со шведската модна куќа за секојдневна облека крена голема прашина, ова беше најзборуваната колекција изминататава година. Неколку парчиња од истата беа хит на пазарот.
На црвениот килим и во уличната мода најзабележлив беше овој модел на јакна. Ја носат од принцези, до анонимни љубителки на модата. Одлично прилега на сите стилови и генерации. Таа е во препознатлив стил за Марант, со едноставна (а ла „Шанел“) форма, но со посложено ткаење. Микс е од повеќе нијанси, кои прават богата текстура.
Нема коментари