Осма година по ред, според магазинот „Форбс“, бразилската манекенка Жизел Бундшен е најплатен модел во светот. Нејзината заработка за минатата година се проценува на околу 47 милиони долари. Иминатите 12 месеци таа имаше низа ангажмани за познати модни куќи и креатори, како: H&M, Изабел Марант, Stuart Weitzman и Chanel. Бундшен заработува 128.000 долари дневно.
Зад нејзе, на втората позиција се Дуцен Крос и Адријана Лима со искеширани „само“ по 8 милиони долари. Следни на листата се Кејт Мос, Миранда Кер и Кејт Аптон секоја со заработени околу 7 милиони долари.
На листата со 21 најдобро платени манекенки оваа година се приклучуваат и младите Џордан Дан , Кара Делевињ и Карли Клос кои со бројните ангажмани, успееа на својата банкарска сметка да додадат неколку милиони. Дан заработи 3,5, а Делевињ и Клос по 2,4 милиони долари.
Ангелелите на „Викторија сикрет“, Алесандра Амбросио и Кендис Свенпул добија 5, осносно 3 милиони долари. Листата се кпмлетира со Керолин Марфи, Лили Олдриџ, Бехарти Принсло, Лара Стоун, Наоми Кембел и Роузи Хантингтон-Вајтли.
Нема коментари